
Екипите од општинското одделение за комунаен развој не успеаја да ја завршат работата до вечерва кога и се најавуваше дека таа ќе светне.
„Новогодишната елка ќе биде комплетно наместена најдоцна до понеделник претпладне. На неа ќе има од 6 до 7 илјади сијалички во различни бои, а веќе осумдесет проценти од нив се монтирани“, ни изјави Сашо Велјаноски, референт за осветлување во одделението за комунаен развој.
Овој украс ќе биде декор на градскиот поштад до 23 јануари.
Ohridnews












