Членот на советот на Општина Охрид од движењето БЕСА, Џемал Мена, обвини дека на денешната седница бил физички нападнат од колега од ДУИ за време на расправа по точка од дневниот ред за вработувања во ЈП „Нискоградба“. Тој тврди дека бил нападнат само затоа што гласал по сопствена волја. Случајот е пријавен во охридската полиција, а Мена по прегледот во охридската општа болница во изјава за медиумите најави дека ќе поднесе кривична пријава против колегата, како и дека ќе побара полициско обезбедување за него и членовите на неговото семејство.

Инаку, по инцидентот седницата на советот на Општина Охрид била прекината.

OhridNews