Во рамки на летниот камп на „Аутодеск Македонија“ за „3DS MAX / V-RAY“ кој од 14 до 24 јули ќе се одржи во Охрид, предавање ќе има австралијанецот со македонско потекло, Жарко Грчаревски. Предавањето е бесплатно, а истото е исклучиво наменето за машински инженери и лицата од лимарската индустрија. На предавањето кое ќе се одржи на 23 јули во 15 часот, ќе стане збор за софтверот „inventor“, како и за разни инсталации кои се користат во оваа индустрија.
„Аутодеск Македонија“, планира од септември оваа година, ова предавање да биде дел од нивната едукативна програма.
„Со Жарко преговараме за долгорочна соработка и чест и задоволство ни е што тој дојде од Австралија за да предава на нашиот летен камп“, вели Никола Кумев, инструктор за 3DS MAX на „Аутодеск Македонија“.
Кумев додава дека пријавувањето на кандидатите се врши ислкучиво по електронски пат и тоа на e-mail адресата: [email protected] и на www.autodeskmakedonija.com.
„Местата се ограничени, пријавувањата за бесплатното предавање на инструкторот од Австралија трае до 22 јули.“, додаде Кумев.
На летниот камп на „Аутодеск Македонија“ во Охрид учесниците ќе слушаат предавања за софтверот 3ds MAX & V-Ray. Кампот е наменет за професионален тренинг и обука на архитекти, дизајнери, ТВ и филм артисти, „девелопери“ на игри и CG артисти.
„Аутодеск Македонија“ е компанија која веќе три години има лиценца од „Аутодеск САД“ и работи како тренинг институт за обезбедување на високо квалитетна обука за софтверите на Autodesk.
Освен во Скопје, компанијата курсеви одржува и во Штип и Битола, а во иднина планира да се прошири и надвор од македонските граници.
„Откако ја добивме потребната лиценца од „Аутодеск САД“, почнавме да размислуваме и за проширување со отворање на тренинг центри надвор од Македонија, односно во Приштина, Тирана, Белград, Ниш, Нови Сад и Софија. Во моментов нашата енергија е насочена кон подготовка на обуката, маркетингот и се она што е потребно за да функционираат центрите за обука“, рече Кумев.
Кој е Жарко Грчаревски?
Жарко Грчаревски е нашинец од Битола, кој во 1995 година заминува за Нов Зеланд, а оттаму се сели во Австралија. Работи во неколку компании за лимена амбалажа, а од 2007 година активно е вработен како предавач, инструктор и технички консултант во неколку компании како Envizion, AEC, а денеска е дел од тимот на A2K Technologies. A2K Technologies е најдобрата школа за online техничка поддршка во Австралија. Компанијата засега е распространета на пазарот во Австралија, Нов Зеланд и Кина, со планови за проширување и на Европскиот пазар.
OhridNews













