ЕМО: Гласините за банкрот на компанијата се груба дезинформација
27.01.10 00:05
Менаџерскиот тим на АД ЕМО – Охрид со соопштение реагира на изнесените ставови на прес конференцијата на општината организација на СДСМ, според која оваа компанија е на раб на банкрот. Таквите наводи се груба дезинформација, се вели во соопштението на компанијата, во кое понатаму стои:
„Во врска со банкротот треба да се каже следното: Кога сегашното раководство го превзеде ЕМО на почетокот од 2007 година, компанијата навистина беше пред банкрот. Загубите тогаш изнесуваа 250.000.000 (двесте и педесет милиони) денари. Во 2006 година од деловните партнери беа земени аванси за работи кои требаше да се извршат во износ од 120.000.000 (сто дваесет милиони) денари а кои наместо за набавка на материјали беа потрошени за исплата на плати. Кредитното задолжување беше околу 60.000.000 (шеесет милиони) денари.
Со доаѓањето на ова раководство и во 2007 и во 2008 година АД ЕМО бележеше позитивни резултати, беа исполнети обврските кон сите партнери и имаше скоро редовна исплата на плати.
Ова раководство со помош на Владата на Република Македонија преку Законот за претворање на обврските кон државата во траен влог успеа да ги подмири истите и во голема мера да ја зголеми конкурентноста на ЕМО на странскиот и на домашниот пазар.
Сега, и во услови на глобалната економска криза чии последици сеуште силно се чувствуваат ЕМО ОХРИД со потешкотии но сепак го одржува производниот процес и континуитет и се труди да обезбеди егзистенција за своите вработени.
На крајот да ги потсетиме оние кои на ЕМО ОХРИД и предвидуваат банкрот дека тоа задоволство нема да им го приредиме бидејќи во тешката 2009 год. ЕМО ОХРИД на ЕВН и испорача електроопрема вредна 3.000.000 (три милиони) евра, во Албанија изведуваше далекуводи и трафостаници вредни 2,7 милиони евра, ги заврши големите трафостаници во Бунарџик, Драчево и Теарце, ја завршува првата секција од Далекуводот Вруток-Тетово, во моментов работи на Далекуводот Приштина-Урошевац вреден 1,4 милиони евра и започнува со изведба на Далекуводот за напојување со елекрична енергија на трафостаницата во Бунарџик“, се вели во соопштението на Менаџерскиот тим на ЕМО Охрид.
Земјотрес со јачина од 2,3 степени е регистриран попладнево во 13:30 часот во близина на Охрид Според податоците на Евро-Медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) земјотресот бил на 14 километри ист...
Од 4-ти до 8-ми ноември во НП Галичица ќе биде реализирана едукативна недела во рамки на која секој ден ќе биде опфатена различна тематска содржина Едукативната недела започнува со “Истражува...
Со решение на министерот за култура и туризам Зоран Љутков од денеска и официјално вд директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ е Христина Трпеска и досега вработена во установата како библиотекар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.