Трајчевски е предложен од страна на Владата, која како претставник на државата е најголем акционер во компанијата каде поседува 41,6 отсто од акциите со право на глас. Оваа информација Владата ја потврди на своја седница на крајот на јануари, при што побара смена на Коста Димитров, актуелниот генерален директор на „ЕМО“ Охрид.
Предлогот за избор на Трајчевски го прифати и ќе го поддржи и државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија кој во „ЕМО“ поседува 22 отсто од акциите со право на глас. Ова значи дека изборот на Трајчевски е сигурен, заради тоа што за него ќе гласаат сопствениците кои поседуваат повеќе од 60 отсто од сите акции со право на глас во „ЕМО“ Охрид.
Акционерското собрание во АД „ЕМО“ ќе се одржи на 1 март годинава, во седиштето на „ЕМО“.
Разрешувањето на Димитров е резултат на лошите резултати од работењето и загубата со која „ЕМО“ ја заврши и 2010 година. За првите три квартали во 2010 година загубата на „ЕМО“ изнесуваше 190 милиони денари.
Трајковски, единствениот кандидат за извршен член на Управниот одбор и нов генерален директор на АД „ЕМО“ сега е вработен во скопската компанија „Серта“, а освен во „Македонски телекомуникации“, член е и на управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.
извор: Makfaks