На 30 март идната година АД ЕМО – Охрид ќе биде понуден на продажба на потенцијални инвеститори, најави владата. ЕМО ќе се продава како фирма загубар преку берзанска аукација заедно со скопски Охис, а одлуката за продажба владата ќе ја објави и во „Фајненшл тајмс“.

Во ЕМО државата  контролира 41,7% од акционерскиот имот, или 153 илјади акции. Една акција на ЕМО ќе се нуди по почетна цена од 30 евра.

Аукцискиот модел што ќе се примени при продажба предвидува акциите да постигнат и повисока цена од номиналната. Доколку  има повеќе заинтересирани купувачи, може да се случи и наддавање.