Медицинскиот персонал од Центарот за јавно здравје Охрид, од почетокот на кризата со коронавирусот Ковид 19, постојано е на работните места. Преземени се сите неопходни мерки за навремена и безбедна анализа на пациентите кај кои постои сомневање дека можеби се заразени од коронавирус. Со нив се постапува согласно протоколите, а примероците за анализа се земаат во изолирана просторија. Истите се проследуваат до Институтот за јавно здравје, а позитивните случаи ги објавува Министерството за здравство преку соопштенија и  редовни прес конференции. До сега во Охрид се регистрирани 3 позитивни случаи на коронавирус.

Од Центарот за јавно здравје апелираат до граѓаните на Охрид да останат дома и да ги почитуваат препораките, посочувајќи дека само така може да се спречи ширењето на пандемијата.

Се изолираме за да го победиме вирусот, сега имаме локална трансмисија, што значи опасноста е поголема и затоа треба да бидеме внимателни. – велат од Центарот за јавно здравје.

Во знак на благодарност за поддршката што ја искажуваат на здравственте разботници во борбата со коронавирусот, медицинскиот персонал од Центарот за јавно здравје им аплаудираше на граѓаните на Охрид кои се дисциплинирани и седат дома.

OhridNews