Во виното се кријат вистинските чувства, а во музиката е убавината на животот. Во комбинација тоа е чиста емоција. Таква беше атмосферата синоќа во ресторанот на хотелот „Александрија“ во срцето на Охрид на дегустационата вечер на вината на „Далвина“, што ја организираа „АСП – ПАК“ и „ПЕ Логистик“ – регионалниот дистрибутер на вината „Далвина“, на која настапи извонредното музичко дуо Александар Митевски & Дац.
Присутните гости, во ограничен број поради ковид протоколите, во одличен амбиент, имаа можност да се запознаат со извонредните вина на „Далвина“ од внимателно одбрани сорти, меѓу кои и светски наградуваните „Хермес“ – Вранец“ и „Сирах“ барик.
Добро вино секогаш оди со добра музика. Александар и Дац во интимна атмосфера ги отпеаја актуелните и нови хитови „Цреши Охридски“, „Уште ми фалиш“… во комбинација со одличен избор на популарни рефрени од регионот и, секако, неодминливата „Корона чао“.
Охриѓани синоќа симболично се гушкаа музички, затоа што, како што велат одличните Александар и Дац, поинаку не е возможно. Емотивната винско-музичка вечер заврши со силна порака, убавите настани да бидат „новото нормално“ во иднина.
Фото галерија:
Г. Момироски
Фото: А. Момироска












































