Фудбалерот на Рома, Франческо Тоти на денешен ден пред 20 години дебитираше во екипата на “волчицата“. Од тогаш Тоти прерасна во голем фудбалер, идол, лидер, капитен и втор стрелец во Серија А, а во 2006 година со Италија на мундијалот во Германија го покорија фудбалскиот свет.

Со емотивно писмо до Тоти се обрати голманот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон да му се заблагодари и честита на “принцот од Рим“ за сите успеси во кариерата.

– Драг Франческо, испиша историја во италијанскиот фудбал. Дваесет години во Серија А, какво достигнување ! Се сеќавам кога постигна првиот гол против Фоџа. Пријатели сме знаеш колку те ценам, уште од кадетската репрезентација на Италија играме заедно. Толку незаборавни моменти поминавме заедно, а што да речам за нашите дуели во Серија А. На теренот често знаеш дека заборавиш дека сме пријатели, но ти простувам. До сега тоа се има случено десет пати, точно колку што ми имаш дадено голови. Но, после судискиот свиреж ние сме заедно и кога ти одбранив пенал во последната минута. Дел сум од една генерација која ме прави среќен, а тебе лидер. Имаме полни 30 години и една сезона ми се гледа како седум, но за тебе времето тече наназад. За мене секогаш ти ќе бидеш прав италијанецот. Поздрав од твојот пријател, Буфон.

Мх.П.