Бранислав Ангеловски, кој беше дел од ракометна селекција на Македонија на Европското првенство во Данска одново ја разбранува јавноста. Тој по мечот со Исланд изјави дека лесно се даваат пасоши и дека лесно сме го продале петтото место освоено пред две години во Србија. За тоа селекторот Обрван го избрка Ангеловски и го пречкрта додека е тој селектор. Ракометарот на Констанца беше гостин во емисија на „Тера“ телевизија и откри нови пикантерии.

Извор : „Тера“
Мх.П.