Актуелниот Светски првак, Шпанија го освои бронзениот медал на 12-то Европско ракометно првенство во Данска.

„Фуријата“ сосема заслужено стигна до третото место на пиедесталот откако во текот на целиот натпревар имаше водство.
Хрватите „скршени“ од поразот во 1/2 финалето само на стартот имаа водство, а во финишот на мечот имаа шанса за израмнување, а не го искористија.
Мх.П.










