Данска е домаќин, актуелен европски владетел во ракометот, но наспроти себе во финалето од 12-то Европско првенство ќе го има Олимпискиот шампион, Франција.

И двете селекции незнаат за пораз во финале од Европско првенство, а вечерва (17:30 часот) една репрезентација ќе го почуствува тоа горчливо чуство.

Пулените на Вилбек предводени од Хансен и Лендин на голот ќе мора да запрат сигурната игра на Франција, која иако има смена на генерации повторно се искачи на ракометниот врв.

Данците зад себе ќе ја имаат поддршката од публиката, но тоа ќе биде мотив поголем и за французите кои знаат како е да се игра против „домаќините“.

Мх.П.