Лестер Бо Мекејлеб е прв стрелец на ЕП според вкупниот број поени, пред Французот Тони Паркер, кој има подобар просек, но настапи на еден меч помалку од Мекејлеб.


    

Организаторот на играта на македонската репрезентација е уште и деветти асистент и трет крадец на топки на шампионатот.

Во уште една статистичка категорија имаме најдобар, тоа е капитенот Перо Антиќ, кој има најмногу скокови, пред Крис Кејман од Германија. Кејман има подобар просек од Антиќ, но го заврши настапот на ЕП по втората фаза со осум одиграни меча.

Владо Илиевски, пак, е лидер според минутите поминати на паркетот на ЕП.

Ohridnews