Македонскиот репрезентативец Наумче Мојсовски, кој ќе го пропушти Европското првенство во Данска е успешно опериран во Австрија.

Мојсовски повредата на коленото ја заработи на дуелот со Вардар во СЕХА лигата, кој беше последен на клупски план годинава.

Стружанецот покрај Европското првенство ќе го пропушти остатокот од сезоната во дресот на Металург.

Мх.П.