Во идеалниот состав на Европското првенство во Данска немаше место за ниту еден македонски ракометар. Иако за место меѓу најдобрите блиску беа Миркуловски и Лазаров.

Сепак нивниот учинок неможе да се мери со останатите ракометари кои се најдоа во идеалниот состав. На голот од најдобрите е „домаќинот“ Никлас Лендин, а од Данска доаѓа и Микел Хансен на левата бековска позиција. Среден бек е Домагој Дувњак додека десен бек е Криштоф Лијецки од Полска.

Составот го комплетираат крилата Лук Абало и Гујдон Валон Сигурдсон и пивотменот Хулен Агинагалде. За најкорисен ракометар на ЕП е прогласен Никола Карабатиќ од селекцијата на Франција.

 

Мх.П.