Македонската ракометна селекција претрпе нов пех откако поради повреда Европското првенство во Данска ќе го пропушти Филип Лазаров.

Тој ја повредил раката на подготовките во Пореч и ги зголеми главболките на селекторот Ивица Обрван. Претходно од составот отпаднаа Наумче Мојсовски поради повреда, а Ренато Вугринец не доби зелено светло од ИХФ за настап во македонскиот дрес.

Покрај пехот со повредите Обрван не отстапува од првата цел, а тоа е пласман во втората фаза од континенталниот собир во Данска од 12 до 26 јануари. „Црвени жолтите“ во групата се наоѓаат со домаќинот, Чешка и Австрија.

Мх.П.