Ракометарот на Констанца, Бранислав Ангеловски ќе ја пополни празнината на бековската позиција во селекцијата која се отвори по повредата на Филип Лазаров.

Селекторот на Македонија, Ивица Обрван се двоумеше меѓу Стоилов и Ангеловски, но, напаѓачките способности на битолчанецот беа пресудни во изборот.

Ангеловски на селекцијата ќе му се приклучи по новогодишните празници откако репрезентативците ќе се вратат од Пореч, Хрватска.

Мх.П.