Актуелниот првак Норвешка, Унгарија и вицепрвакот од Олимписките игри во Лондон,  Црна Гора се селекциите кои обезбедија пласман во најдобрите четири репрезентации на стариот континент.


Норвежанките во “скандинавското“ дерби ја совладаа Шведска 28-25 и го оддржаа стопостотниот ефект. Со победа над Романија 25-19 репрезентација на Унгарија го завери полуфиналето и им ја поправи грешката на Црна Гора која неочекувано претрпе пораз од Германија 27-20.


Вториот патник од првата група ќе се одлучува во последното коло откако Србија триумфираше над Данска 29-26 и Франција славеше победа над Чешка 24-22.

Резултати :

Група I : Чешка – Франција 22-24, Норвешка – Шведска 28-25, Србија – Данска 29-26

Табела : Норвешка 8 бодови, Србија 5, Франција 4, Данска 4, Шведска 3, Чешка 0.

Група II : Шпанија – Русија 25-25, Германија – Црна Гора 27-20, Унгарија – Романија 25-19.

Табела : Унгарија 6 бодови, Црна Гора 6, Германија 3,  Шпанија 3, Русија 3, Романија 3.

Мх.П.