Во 52-та минута србинките имаа предност од 23-18, место рутински да го завршат мечот тие влегоа во голгетерска криза неможејќи да го пронајдат патот до голот до крајот на мечот.
Шведските репрезентативките итро ја користеа секоја грешка на српската селекција и стигнаа до 23-23. Нападот за победа им припадна на “викинзите“, но не успеаја да постигнат гол и да приредат сензација.
Актуелниот првак селекцијата на Норвешка ја забележа првата победа во втората прелиминарна група совладувајќи ја Франција со убедливи 30-19 и направи крупен чекор кон 1/2 финалето.
Резултати : Србија – Шведска 23-23, Норвешка – Франција 30-19, Данска – Чешка 33-30.
Табела : Норвешка 6 бодови, Данска 4, Србија 3, Шведска 3, Франција 2, Чешка 0