Македонската ракометна репрезентација забележа минимална победа 25-24 против Црна Гора во последниот натпревар од подготвителниот период за Европското првенство кое следува.

„Црвено жолтите“, до триумфот стигнаа со пресврт во вторите 30 минути откако после првите имаа минимална негатива. Победата во генерлката е многу важна за атмосферата во селекцијата и помеѓу симпатизерите кои на големо се екипираат за „освојување“ на австриската престолнина Виена.

Повторно во македонската селекција се истакна голманот Никола Митревски кој собра 16 успешни интервенции, а помеѓу стрелците најрасположение беа Филип Талески и Дејан Манасков со пет погодоци. Капитенот Кирил Лазаров повторно не настапи и мечот го проследи од клупата што и дава дополнителна тежина на победа.

Македонија, премиерата на континенталниот собир ја има на 10 јануари против селекцијата на Украина.

OhridNews