Два четвртфинални натпревари се денес на програмата на Еуробаскетот во Литванија.  Во првото четвртфинале бранителот на трофејот Шпанија ќе игра против Словенија.


– Нема што да загубиме, играме против најдобриот тим на првенството, и мечот со Шпанија е голем предизвик за нашата екипа. – истакна Лоразек Лорбек.

“Фуријата“ доминатно стигна до четвртфиналето, а во одлучувачкиот меч за првакот во групата ја демолираше Франција со 96-69. Победата е голема иако на паркетот ги немаше Тони Паркер и Јоаким Ноа.

 – Не ги потценуваме Словенците и ќе се обидеме да ја наметнеме нашата игра кој досега даваше резултати – рече селекторот Серџо Скариоло.

Натпреварот се игра во 17 часот.