Домаќин на последната мобилност на Еразмус+ проектот „Europe: We are the colors of the rainbow” 2024-ES-KA210-SCH-E684DA4A на која присуствуваа ученици и наставници од ОСУ „Свети Климент Охридски“ Охрид беше Colegio San Juan y San Pablo од Иби, Аликанте, Шпанија.

Во богатата програма учество зедоа и учениците од нашата Гимназија: Андреа Влаќеска, Јована Крстаноска и Калин Христов, во придружба на психолог Алберта Гулицовска и проф. Михаил Патчев. Преку активности од ликовната уметност –создавање уметничка инсталација, се обележа дел од традиција на Фестивал на огнот наречен Фаљас. Оваа прослава ги спојува елементите на карневалите и сатирите за да создаде едно уникатно искуство, велат од училуиштето.
Музичката уметничка традиција – фолкорни танци, меѓусебно запознавање и зближување на тимовите, посочуваат, дека се одвивала во текот на посетите на најважните културно историски и туристички локалитети низ Валенсија, Елче и Аликанте.
Тимот од училиштето ги посети најубавите улици и булевари во Велнсија, мостовите над исушеното корито на реката Туриа. Град на науките и уметности, архитектонски комплекс на познатиот архитект Сантјаго Калатрава како Океанариумот, Палау де ла Музика, Пуенте де лас Флорес, паркот Гуливер, порта-кула Торрес де Серано и Торрес де Кварт. Шармантното гратче Елче во близина на Аликанте, најпознато по најголемиот дрворед на палми на светот, како и мистериозната Дама од Елче, статуетка од V век пред новата ера, велат.

OhridNews














