Кристијан Ериксен како последица од срцев удар колабираше на вчерашниот натпревар помеѓу Данска и Финска, во рамките од Европското првенство во фудбал, – изјави репрезентативниот доктор на данците, Мортен Боесен, во интервју за „BBC“.

Ние направивме реанимација на лице место. Не знам колку бевме близу да го изгубиме, но се врати по една дефибрилација, тоа е доста брзо, – изјави Боесен.

Ериксен на лице место имал итен медицински третман, што значи дека брзата интервенција му го спасила животот, – додаде Боесен.

Моменталната ситуација му е добра, но ќе остане во болница одреден период. Тој е контактибилен, но мора да се чува под надзор, затоа што здравствената состојба му беше загрозена, – истакна данскиот доктор.

Англискиот кардиолог Санџај Шарма, пак, смета дека Ериксен нема да продолжи да игра фудбал, затоа што премногу е опасно да се ризикува. Шарма и Ериксен работеле додека двајцата биле заедно во Тотенхем.

OhridNews

 

Бодовите за финците, овации за данците, молитвите за Ериксен (видео)