Квалификацискиот натпревар меѓу Ерменија и Македонија што е планиран за 7-ми октомври во Ереван ќе се игра пред полни трибини , јавува ирски Хералд.


Ерменија и Ирска се во трка за влез на Европското првенство во 2012 година. На истиот ден, Ирска игра со Андора, под претпоставка Ерменија да ја победи Македонија, а Ирска да ја победи Андора, како што пишува Хералд, разликата меѓу двете репрезентации ќе биде само еден бод пред меѓусебната средба во Даблин.

Ерменците кои на првиот натпревар ремизираа со Македонија 2-2, Наумоски изедначи од пенал во 94 минута на мечот ќе имаат поддршка од околу 30.000 гледачи, колку што изнесува капацитетот на стадионот во Ереван. Влезниците чинеа меѓу пет и 15 евра.

Ohridnews