подели низа комплименти на адреса на поранешните соиграчи Лео Меси и
Роналдињо и поранешниот тренер Жозе Мурињо.
Ето во дресот на Барселона беше соиграч со Меси и Роналдињо, додека во Интер тренер му беше Мурињо. „Меси е бог и како човек и како играч“, изјавил Камерунецот. „Се надевам
дека со Аргентина ќе успее да го освои Светското првенство. Му
посакувам сè најдобро бидејќи видов колку е тој добро момче“, дополнил
Ето.
Напаѓачот на Анжи не штедел комплименти ниту за Роналдињо. „Роналдињо е
гениј, не само фудбалски. Имаше денови кога бев нервозен, кога не играв
добро, а потоа ќе го видев него како со својата насмевка влегува во
соблекувалната и веднаш знаев дека сè ќе биде во ред“.
Ето е импресиониран и од Жозе Мурињо, со кого како играч на Интер ја освои Лигата на шампиони.
„Мурињо е голем човек и прекрасна личност. Неговиот карактер е поголем
од животот. Освои речиси сè, а потоа се разделивме, што многу тешко ми
падна“, изјавил Ето.