Европската комисија денеска одобри дополнителни 17 милиони евра помош за Македонија и Србија во решавање на проблемот со бегалците, соопштено е во Брисел.
Од наведената сума, десет милиони ќе бидат наменети за јакнење на капацитетите на двете држави за прифаќање и сместување на бегалците и за контрола на границите, додека преостанатите седум претставуваат хуманитарна помош.
Одлуката за дополнителни средства за Македонија и за Србија е објавена пред денешниот состанок на министрите за надворешни и внатрешни работи на членките на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан, посветен на решавање на бегалската криза.
Со состанокот ќе претседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедноста, Федерика Могерини, а Македонија ја претставуваат министрите Никола Попоски и Митко Чавков.
OhridNews
Извор:„Макфакс“