ЕУ и Турција ќе бараат начини да го забрзаат издавањето европски визи за турските граѓани. Ова беше наведено во заедничката изјава на двете земји по вчерашната средба во Брисел меѓу еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

ЕК и Турција разговараа за миграциските и безбедносните прашања, се вели во соопштението.
Се додава дека тоа се однесувало на спречување на илегалната миграција, безбедноста на границите, борбата против перење пари.
Двете страни се договорија за дополнителни активности за спротивставување на тероризмот и организираниот криминал, се вели во соопштението.
OhridNews
фото. МИА










