Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузер, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, се спасени.
Во спасувачката акција учествувале неколку спасувачки бродови во текот на цела ноќ, а еден од бродовите имал проблеми со моторот, па двата хеликоптери биле пренасочени на спасување на екипажот и од тој брод.
Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека временските услови биле непогодни, а брановите достигнувале висина до 10 метри.
По откажувањето на моторот на крузерот, почнала драматичната спасувачка операција. Повикот за помош бил испратен вчера во попладневните часови. Националната служба за спасување соопшти дека крузерот успеал да се усидри, покрај силниот ветер и големите бранови.