Идејата за изградба на марина во каналот Студенчишта, најавена неодамна, како добра ја оценуваат третина од анкетираните читатели на OhridNews. Речиси толку се на мислење дека марина треба да се гради на друга локација, а нешто повеќе сметаат дека каналот Студенчишта треба да биде рекреативна зона. Идејата целосно е неприфатлива за 12 проценти од читателите кои одговориле на анкетното прашање.

Уредувањето на каналот и блатото Студенчишта ќе биде вистински тест за новата локална самоуправа, која ќе треба да балансира помеѓу апетитите на бизнис секторот, заштитата на животната средина и одржливиот развој.

OhridNews

Следно анкетно прашање: Дали дислоцирањето на контејнерите од бул. „Туристичка“ го реши проблемот со велосипедските патеки во градот?