Во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“-Охрид се реализира акција под мотото „ЕВН Волонтира“ со која започнаа поправки на дотраеното осветлување во ходниците и училниците во објектот и поставување на ЛЕД светилки.
Поправките се повеќе од добредојдени со оглед на тоа дека постојното осветлување е во лоша состојба, а во попладневните часови видливоста е слаба.
Од училиштето потенцираат дека со поставувањето на новите ЛЕД светилки значително се подобрило осветлувањето и изразуваат благодарност до ЕВН за спроведената акција.
Претходно, во рамки на акцијата „ЕВН волонтира“ се изврши и бојадисување на училишните ѕидови во основното училиште „Св.Климент Охридски“.
OhridNews












