Новата сезона во кошаркарската Евролига започна синоќа со седум натпревари од првото коло, а уште на стартот не недостасуваа изненадувања и драматични завршници.
Најголемо внимание привлече победата на Дубаи над Реал Мадрид со 78:77. Домаќинот се врати по негатива и славеше во неизвесна завршница, предводен од Двејн Бејкон со 24 поени. Баерн Минхен, пак, со тројка на Јоханес Фојтман во финишот го совлада Хапоел Тел Авив со 86:84.
Убедливо тргна актуелниот европски шампион Олимпијакос, кој на гости ја совлада Басконија со 106:89. Панатинаикос беше подобар од Париз со 91:72, Барселона го совлада Анадолу Ефес со 89:82, Жалгирис славеше во Белград против Црвена звезда со 83:77, додека АСВЕЛ го победи Макаби Тел Авив со 84:74.
Првото коло завршува вечерва со уште три натпревари: Бешикташ – Валенсија, Фенербахче – Виртус Болоња и Партизан – Олимпија Милано.
Во Евролигата сезонава настапуваат 20 екипи, а регуларниот дел има 38 кола, во кои секој тим игра дома и на гости со сите противници. Потоа следуваат плеј-ин и четвртфиналните плеј-оф серии, а сезоната ќе кулминира со Фајналфор турнирот во 2027 година.
Резултати – 1. коло: Хапоел – Баерн 84:86, Дубаи – Реал Мадрид 78:77, Црвена звезда – Жалгирис 77:83, Панатинаикос – Париз 91:72, Барселона – Анадолу Ефес 89:82, Басконија – Олимпијакос 89:106, АСВЕЛ – Макаби 84:74.
OhridNews











