Европската очна болница(ЕЕX) во петок (11-05-2012) во Охрид ја продолжува големата акција со која на граѓаните на Р.Македонија ќе им овозможи бесплатни консултации поврзани со очите и видот.

-Врвниот лекарски тим на ЕЕX ќе ја продолжи својата мисија за помош на граѓаните од Охрид кои имаат или чувствуваат проблеми со видот или здравјето на очите, со почеток во 09:00 часот на плоштадот во Охрид. Лекарскиот тим ќе направи максимален напор во предвиденото време да им излезе во пресрет на сите заинтересирани граѓани, а охриѓани на поставениот пулт ќе можат да добијат и информативни материјали за капацитетите на EEX  и за можностите за лекување на полесни или посериозни здравствени проблеми со очите, информираат од болницата.

Од Европската очна болница додаваат ќе продолжат со реализација на проектот во сите региони на Македонија, а граѓаните ќе бидат навремено информирани каде ќе можат да ја добијат бесплатната стручна консултација.

EEX прераснува во вистински регионален офтамолошки центар на Балканот. Веќе е редовна практика најтешките случаи на проблеми со видот или повреди на очите, кои не може соодветно да бидат третирани во соседните земји, да бидат пренасочувани во Европската очна болница во Скопје, каде што лекарската екипа составена од еминентни офталмолози- специјалисти ја овозможува неопходната лекарска помош на пациентите. Тоа е голем бенефит за граѓаните од Македонија кои имаат проблеми со очите, затоа што повеќе не мора да плаќаат големи суми за патувања во странство за да ги решат своите проблеми, туку тоа може да го сторат дома и по многу пониски цени.

Европската очна болница има договор со Фондот за здравство на Република Македонија, а повеќе детали граѓаните можат да добијат веб- страница http:/eeh.mk/  или на тел.02 20 59 999.

OhridNews