По повод 9ти Мај – денот на Европа, Младински Совет Охрид во соработка со Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“, и локалната иницијативна група на граѓани, организира средба на која ќе се разгледаат Европските перспективи на Република Македонија и улогата на локалната заедница кон остварување на Европската агенда.

На средбата, што ќе се одржи денеска во зградата на општината, ќе биде претставена локалната иницијативна група на граѓани, како и иницијативите кои ќе произлезат од оваа група во најскоро време, со цел истите да ја добијат поддршката од присутните, но ќе се даде и можност да се предложат нови иницијативи кои понатаму ќе бидат проследени до институциите или пак ќе бидат реализирани од страна на групата.

Поканети се претставници на Локалната Самоуправа, Советот на општина Охрид, институции од областа на културата, образованието и здравството, претставници на политички партии, здруженија, ученици-основци, средношколци и студенти, како и членовите на локалната граѓанска иницијатива и медиуми.

OhridNews