При вршење на патролна служба во водите на Охридското езеро, вчера околу 13:30ч. од страна на полициски службеници од Езерска контрола, наспроти „Евро Хотел“-Струга, на оддалеченост од брегот од 800м пронајдени се  четири рибарски мрежи со должина од по 50м, со уловени 13 парчињ риба белвица, со тежина од 1,2кг.

Риболовниот алат е изваден од водите на Охридското езеро и е донесен во ПС за ОДГ-Езерска контрола за понатамошна постапка, а рибите се предадени на АФ “Инекс Горица“-Охрид, соопшти МВР.

Ohridnews