Британскиот Тајсон Фјури е новиот светскиот шампион во ВБЦ категоријата. Фјури во спектакуларната борба во Лонс Анџелес со технички нокаут во седмата рунда го совлада Даонтеј Вајлдер кој ја бранеше титулата.

„Џипси Гинг“, како што го нарекуваат Фјури започна агресивно и не му остави простор за напад на Вајлдер, кој неколку пати легнуваше на подот. Британецот продолжи со истото темпо, а судиите во седмата рунда по серија удар кон Вајлдер ја прекинаа борбата и победата му ја доделија на Фјури. Вајлдер го претрпе првиот пораз, а Фјури ја освои титулата.

  • Вајлдер е голем борец и работник. Повторно ќе биде шампион, но морам да кажам дека кралот се врати на тронот. – рече задоволно Фјури после борбата.

Победата и светската титула на Фјури се најава за спектакуларна борба со Ентонио Џошуа за апсолутен првак во тешка категорија. Борбата може да се одржи на крајот од оваа година или почетокот на следната.

OhridNews