Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, кој стартуваше од пол-позицијата заврши на третата позиција додека за едно место на пиедесталот не обезбеди актуелниот првак Себастијан Фетел од Ред Бул.
– Ова беше фантастична трка од самиот почеток. Немавме некој поголем проблем затоа и трката помина одлично. Во претходните две трки неможевме да го направиме завршниот чекор за победата затоа сега сме сите среќни. Оптимисти сме до крајот на сезоната дека можеме да стигниме до една од двете титули во Формула 1 – рече победникот Фернандо Алонсо.
Генерален пласман возачи : Себастијан Фетел 52 бодови, Кими Раиконен 49, Фернандо Алонсо 43, Луис Хамилтон 40, Филипе Маса 30…
Генерален пласман конструктури : Ред Бул 78 бодови, Ферари 73, Лотус 60, Мерцедес 52…
Наредната трка во Формула еден циркусот се вози на трката Шакир за Големата награда на Бахреин.