Италијанецот Кими Антонели ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија, откако беше најбрз во денешните квалификации на патеката Сузука, пред својот тимски колега Џорџ Расел, со што Мерцедес обезбеди прв стартен ред.

Третото место на стартот му припадна на Оскар Пјастри (Мекларен), пред Шарл Леклер (Ферари), додека актуелниот шампион Ландо Норис (Мекларен) ќе стартува од 5-та позиција.

Макс Верстапен не успеа да се пласира во последната квалификациска рунда и ќе стартува дури од 11-та позиција.

Трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука утре, ќе стартува во 07:00 часот по средноевропско време.

Во генералниот пласман по првите две трки во сезоната води Џорџ Расел со 51 бод, пред Антонели со 47, додека трет е Шарл Леклер со 34 поени.

Мерцедес има максимален учинок на стартот од сезоната, што дополнително ја засилува нивната фаворитска улога и за трката во Јапонија.

OhridNews