Себастијан Фетел е се поблизу до одбрана на титулата во Формула 1 по освоеното четврто место на квалификациите за ГН на Бразил која се вози на патеката во Интерлагос. Неговиот единствен конкурент Фернадо Алонсо ќе стартува од осмата позиција.


За да ја одбрани титулата и да стигне до третата титула во низа Фетел треба да ја заврши трката пред Шпанецот Алносо во италијанското Ферари.

Трката ќе ја поведе Луис Хамилтон, за него ова е последна трка во тимот на Мекларен, до него во првиот ред ќе биде Џенсон Батон. Вториот ред го сочинуваат пилотите на Ред Бул Марк Вебер,односно Фетел.

Ohridnews