Бранителот на тронот, Себастијан Фетел за многу брзо ја изгуби пол-позицијата која ја стекна во квалификациите. До 25-те бода кои се доделуваат за победникот на трката, Фетел стигна на силен, решителен и контроверзен начин.
Во 39-от круг Фетел храбро го претекна пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а во 46-от круг за да избие на првото место контроверзно го помина својот колега Марк Вебер. До крајот на трката двата пилоти на Ред Бул ја чуваа предноста и донесоа “еден два“ победа.
– Фетел донесе таква одлука, како и обично никој нема да го казни. Мене ми рекоа да го задржам првото место, а не да се борам за него. Но, Фетел изгледа ни ги прими тие тимски наредби – коментираше Вебер по завршувањето на трката во Малезија.
Трет целната рамнина во Сепанг ја помина Луис Хамилтон, четврти Нико Розберг (Мерцедес) додека петорката ја комплетираше Филепе Маса (Ферари).
Во генаралниот пласман водечки пилот е Фетел со 41 бод, второпласиран е Кими Раиконен од тимот на Лотус, третата позиција со 26 бодови ја зазеде Марк Вебер.
Наредната трка во Формула 1 се вози за три недели во Кина.