На четвртата и петтата позиција финишираа Филипе Маса – Ферари и Британецот, Луис Хамилтон – Мерцедес. Вториот пилот на Ред Бул, Марк Вебер заврши на шестото место додека седмопласиран беше Адријан Сутил.
Бодови во трката за големата награда на Австралија имаше уште за Паул ди Реста, Џенсон Батон и Марк Грожан.
Наредната трка од серијата се вози на 23 Март за ГН на Малезија.