Актуелниот светски шампион, холандскиот пилот од тимот на Ред Бул, Макс Верстапен, ќе стартува од пол позицијата на трката за големата награда на Бахреин, што ќе се вози викендов.

Верстапен беше најбрз на квалификациите одржани вечерва со време 1:29.179. Втор беше Леклер на Ферари (1:29.407), а трет Расел од Мерцедес (1:29.485). Следуваат Саинц, Перез, Алонсо, Норис, Пијастри, Хамилтон…

Трката во Бахреин, прва во новата сезона, ќе се вози во сабота во 16 часот по средноевропско време.

Г.М.