Во осминафиналето од ФА купот екипата на Челси со 2-0 го совлада Мидлзброу и ги комплетираше четирите најдобри. Таму “сините“ ги очекува дуел со актуелниот лидер во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед.


Стрелци на погодоците во победата над некогашниот респектабилен тим во Премиер лигата беа Бразилецот, Рамирес и Виктор Мозес во вториот дел од натпреварот.

Четвртфиналните дуели од ФА купот се играат на деветти односно десетти март. Покрај мечот на Олд Трафорд ќе се одиграат уште три натпревари : Евертон – Виган, Манчестер Сити – Барнсли и Милвол – Блекбурн.

Мх.П.