Во Англија клубовите ќе бидат строго казнети поради критиките на тренерите против судиите.

Да потсетиме, по поразот од Њукасл (0:1), тренерот на Арсенал жестоко го критикуваше судењето на Стјуарт Атвел и одлуката да важи голот на противникот.
Се срамам што не беше поништен голот на Њукасл во лига што се смета за најдоброто во светот. Во оваа земја сум 20 години и сега се срамам. Срамота, изјави тогаш Артета.
Клубот од Лондон со соопштение го поддржа тренерот: „Неприфатливи грешки. Премиер лигата е најдобрата лига во светот и заслужува подобро“. Беше објавено и дека Арсенал планира на судиите да им достави список на грешки во корист на противникот.
ФА ќе бара построги санкции против клубовите. Здружението е крајно загрижено поради коментарите на Артета и изјавата на Арсенал за поддршка на тренерот.
Според The Telegraph, ФА ќе се сретне со претставници на Премиер лигата и на здружението на тренери и ќе ги предупреди дека ќе бидат преземени построги мерки против клубовите доколку ги поддржат тренерите кои ги критикуваат судиите.
ФА е загрижена поради зголемениот бран на непочитување кон судиите и официјалните лица на натпреварите.
OhridNews
фото. МИА










