Милан – Барселона е една од класичните пресметки во Лигата на Шампиони. Двата гиганти и оваа година ќе се сретнат во нокаут фазата. Фудбалерите на Барселона Пике и Фабрегас на своите твитер профили ги искажаа првичните импресии.
Лани Милан и Барселона се сретнаа во истаа оваа фаза. Шпанците го елиминраа седумкратниот европски првак со победата на Ноу Камп од 3-1. Првиот меч заврши без голови 0-0.