
– Во моментов имаме помалку од 10% од деталните урбанистички планови на целото крајбрежје, не само за Охрид и Струга туку и околните населени места и села како Радожда, Калишта, Трпејца, Пештани, кое е мало градче и треба на нешто да наликува не може само да се доградува и надградува и после ни испаѓаат одредени проблеми како некои хотели што се изградија во последно време, па дали смеат или не, треба да се знае од напред што смее, а што не смее да се изгради. – вели Крсте Блажески – претседател на ХОТАМ
Од министерството за економија велат дека владата и соодветните институции на централно и локално ниво работат на отстранување на административните бариери кои го кочат развојот на туризмот.
-Јас сум убеден дека тие веќе се поекспедитивни и почнале да даваат дозволи за градби за да се реализираат инвестициите за изградба на хотели во Струга и во Охрид. – изјави Крешник Бектеши – министер за економија.
Експертите, пак, предупредуваат дека туризмот треба да се развива внимателно со примена на светските стандарди за одржлив развој, бидејќи прекумерното зголемување на бројот на туристи, може да доведе до катастрофални последици, што е случај со многу познати дестинаци.
-Ние не сакаме да имаме еден милион туристи во Охрид како што е случај тоа со Барселона, тие ќе ги повредат вредностите и ќе ги загрозат нормалното живеење на луѓето тука, во еден момент ќе имаме економска исплатливост, а во друг тоа ќе се сруши. Поентата е да сфатиме до каде е границата до која можеме да одиме. – појасни Елена Иванова од Свисконтакт.
Според секторот за туризам и локален економски развој, Охрид како врвна туристичка дестонација нема проблем со бројот на гости, но има потреба од креирање на туристички производ којшто ќе привлече поинаков тип на гости, што пак, ќе донесе поголем бенефит за локалното население.
Г.М.











