Колумбиската машина за голови, Радамел Фалкао со погодок во победата на Монако 2-0 против Бордо дебитираше во француската Прва лига.

„Кнезовите“ долго време бараа начин да го скршат отпорот пред голот од Бордо, а тоа им успеа во финишот мечот и ги прокнижија првите бодови на своето конто.

Претходно конкурентот за титулата ПСЖ ремизираше со Монпелје 1-1, а Лион со 4-0 го декласираше тимот на Ница.