Составот на Милан со фантастичен пресврт успеа да го совлада Јувентус со 4-2 и да ги задржи шансите за пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Првото полувреме заврши без голови, а фудбалерите се „распукаа“ во вториот дел. Водечката екипа на табелата Јувентус со головите на Рабиот и Роналдо поведе со 2-0 и сите очекуваа мирен финиш и рутинска победа на гостите. Но „росонерите“ се разиграа, за шест минути дури три пати ја погодија мрежата на Јувентус. Ибрахимовиќ, Кеси и Леао беа стрелци на головите. „Старата дама“ се уште не беше отрезната од трите голови а стигни четврти. Прецизен беше Ребиќ.

Среќна околност за Јувентус беше неочекуваниот пораз на Лацио на гостувањето кај Лече со 2-1. Разликата помеѓу Јувентус и Лацио остана седум бодови.

OhridNews