Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 30.03. до 07.00 часот на 31.03.2020 година, 4 лица меѓу кои едно од Охрид и две од Струга не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

  • Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и не се регистрирани сообраќајни незгоди. На 31.03.2020 година, околу 01.00 часот, во СВР Охрид приведени се 18-годишно лице од охридската населба Рача и уште едно лице со привремен престој во Охрид, кои се фатени при обид за тешка кражба во стовариште во истата населба. Против нив, ќе биде поднесена кривична пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, евидентирани се 8 нови лица со решение за изолација и извршени се 88 контроли на евидентираните лица со решение за изолација меѓу кои 49 лица се од Охрид, а пет од Струга. Истовремено, евидентирани се 15 нови лица во самоизолација (сите од Дебар) и спроведени се 371 контроли врз лицата во самоизолација од кои 113 во Охрид-113, 139 во Струга.

Во Охрид, регистрирани се два случаи на непочитување на мерките за карантин. Полициските службеници извршија 118 контроли на угостителски објекти.

OhridNews