Поради постоење основи на сомнение за сторени три казнени дела „тешка кражба“, полициската станица од Струга до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против две лица од Струга.
– Тие, казнените дела ги извршиле во текот на март и април оваа година со користење подесен алат-хебла, но и физичка сила при што отворале влезни врати од маркет, бутик и соблекувална на основни училишта, сите лоцирани во Струга. По влегувањето, пријавените вршеле пребарување и одземале мобилен телефон, лап топ и облека, информираат од МВР.
Со извршувањето на казнените дела, пријавените предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од околу 154.000 денари.
OhridNews












