Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер го совлада Новак Ѓоковиќ и го фати последниот воз за пласман во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир кој се организира во Лондон.

Федерер во средбата да се биде или не со Ѓоковиќ славеше во два сетови 6-4 и 6-3 и му се придружи на Доминик Тим во полуфиналето. Австриецот иако изгуби денеска како првопласиран од групата патува во полуфиналето.

Утре со последните мечеви од втората група ќе се комплетираат учесници и двојките во полуфиналето.

OhridNews